Дома Фудбал Останато Откриени причините: Роналдо ја бојкотира Лигата на Нации!?

Откриени причините: Роналдо ја бојкотира Лигата на Нации!?

ronaldo

Португалската ѕвезда Кристиано Роналдо ќе ги пропушти претстојните натпревари на својот национален тим против Полска и Шкотска кои се играат во четврток и недела.

Веќе е потврдено дека Роналдо нема да игра за Португалија до крајот на годината, што значи дека ќе го нема ниту во реваншот со Полска и против Италија. Тие натпревари се играат на 17-ти и 20-ти ноември во склоп на Лигата на Нации.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Роналдо не одбил без причина да не игра на овие натпревари, туку тоа го направил поради бојкот кон УЕФА и нивното ново натпреварување, Лигата на Нации која оваа година го има своето премиерно издание.

Ѕвездата на Јувентус, наводно е лута на УЕФА од неколку причини.

Првата е што не е избран за најдбар играч во Европа (наградата ја доби Лука Модриќ), а посебно пречел црвениот картон против Валенсија во Лигата на шампионите.

Кристиано Роналдо е свесен дека е голема ѕвезда во Европа, па со своето непојавување директно влијае нејзината важност и популарноста бидејќи без него дефинитивно не е исто.

Овие причини не се официјално потврдено бидејќи Роналдо не се огласил по тоа прашање, но сосема е јасно дека оваа приказна и тоа како има смисла, посебно ако се знае со каква желба настапува Роналдо веќе долги години за Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поранешен фудбалер во Премиер лигата призна дека примил мито во износ од десет милиони евра

Поранешниот селектор на кинеската фудбалска репрезентација Ли Те призн во случајот со анти…