Дома Топ вести Откриени плановите на Милан: Заминуваат двајца „нови“, доаѓа една ѕвезда!

Откриени плановите на Милан: Заминуваат двајца „нови“, доаѓа една ѕвезда!

„Спортмедиасет“, медиум близок до Милан ги откри плановите на „росонерите“ за зимскиот преоден рок.

И покрај големиот хаос настанат околу Донарума, младиот голман нема шанси да го напушти „Сан Сиро“ во јануари, а тоа вчера го потврди и спортскиот директор Масимилиано Мирабели.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иднината на Донарума ќе се решава на крајот на сезоната, а доколку сака да замине Милан за неговата слобода ќе бара помеѓу 60 и 70 милиони евра.

Сепак, најверојатно ќе има промени во тимот на „росонерите“ во зимскиот преоден рок, а „Спортмедиасет“ открива дека можно е да заминат двајца фудбалери кои пристигнаа во летото.

Станува збор за Хакан Чалханоглу, кој не се вклопи најдобро во тимот. За него интерес покажуваат турските гиганти Галатсарај и Фенербахче, па доколку понудат 24 милиони евра, Милан е спремен да го пушти.

Вториот фудбалер кој е на излезна врата е Никола Калиниќ. За него инетерс постои од неколку кинески клубови, па Хрватот би можел да ја промени средината во јануари.

Доколку овие двајца фудбалери го напуштат „Сан Сиро“ најверојатно ќе пристигне едно големо засилување, а најголема желба е Пјер Емерик Обамејанг кој оваа зима ќе ја напушти Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…