Еминентниот новинар Фабрицио Романо објави дека сепак постои можност Бернардо Силва ова лето да се пресели во Барселона.
Барселона минатото лето силно го посакуваше Португалецот, но немаше финансиска моќ да го реализира трансферот, а Бернардо Силва се уште е голема желба на Каталонците.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
29-годишниот Португалец минатото лето потпиша нов договор со Сити со важност до 2026 година, но во него има клаузула што ќе важи од летово и ќе се однесува само на Барселона и изнесува 50 милиони евра.
Тоа е многу пониска сума од неговата реална вредност, па Барселона е спремна да продаде некој од своите фудбалери за да го доведе Бернардо Силва.
🚨 Bernardo Silva has a £50m release clause in his Manchester City contract valid from this summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 4, 2024
(Source: @FabrizioRomano)
🚨 There is a good chance this is Bernardo Silva's last season at Man City.
(Source: Mundo Deportivo) pic.twitter.com/3t89vCe1Ye