Германските медиуми денеска објавија дека Нагелсман ќе биде нов тренер на Баерн.
Нагелсман наводно се договорил со управата на Баерн, а тоа ќе биде најскапиот трансфер на еден тренер во фудбалската историја. Тој на клупата на актуелниот европски првак ќе го наследи Флик, кој претходно најави дека ќе замине по крајот на сезоната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според „TZ“, Нагелсман ќе заработотува осум милиони евра годишно. Договорот на 33-годишниот тренер со Лајпциг е со важност до летото 2023, па Баерн мора да го откупи. Се шпекулира дека Баерн ќе издвои околу 23 милиони евра.
Тоа би било рекорд, бидејќи до сега најскап тренер е Андре Вилаш-Боаш, кој од Порто во 2011. година премина во Челси за 15 милиони евра.