Дома Трансфер зона Откриена формулата и сите детали: Киеза ќе го чини Јувентус 60 милиони евра!

Откриена формулата и сите детали: Киеза ќе го чини Јувентус 60 милиони евра!

Федерико Киеза ќе биде најголемо засилување на Јувентус. Италијанскиот репрезентативец во моментов е на прегледи и до крајот на денот ќе стави потпис на договорот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Киеза одби да го продолжи договорот со Фиорентина и инсистираше да се пресели во Јувентус, па на крајот двата клуба конечно ја најдоа вистинската формула за трансфер.

Ова е еден од најкомплицираните трансфери во последно време, а целата сума која Јувентус може да ја исплати е 60 милиони евра.

„Бјанконерите“ ќе го донесат Киеза на двегодишна позајмица, така што за првата година ќе платат 2, а за втората 8 милиони евра.

Потоа задолжително треба да платат 40 милиони евра за отпуп и 10 милиони „вариабилни“ во име на бонуси.

За Јувентус да ги исплати сите бонуси треба да се исполнат следните услови:

-Јувентус да заврши во следните три сезони во Топ 4 во Серија А

-Киеза да одигра минимум 60% од натпреварите за Јуве минимум 30 минути по меч.

-Киеза да постигне 10 гола

-Киеза да постигне 10 асистенции

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…