Приоритет на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, а најголема желба е Никола Миленковиќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Милан веќе започнал преговори со агентот Фали Рамадани за трансфер на дефанзивецот Никола Миленковиќ од Фиорентина.
Миленковиќ изминатите години се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А и за него постио интерес од многу клубови.
22-годишниот дефнзивец одби да го продолжи договорот со „виолетовите“ и инсистира да се пресели на „Сан Сиро“.
Фиорентина за неговата слобода бараше 40 милиони евра, но е свесна дека ако го задржи дефанзивецот следното лето неговата цена драстичено ќе падне бидејќи ќе блезе во последната година од договорот.
Милан е спремен да плати 30 милиони евра и медиумите се оптимисти дека трансферот може да се реализира во наредните денови.