Манчестер Јунајтед е критикуван поради својата пасивност на трансфер пазарот, па размислува да донесе неколку засилувања во зимскиот преоден рок.
Англиските медиуми откриваат дека главната трансфер цел на Солскјер е ѕвездата на Ајакс, Дони ван де Бек. „Црвените ѓаволи“ веруваат дека 22-годишниот играч за врска ќе биде решение за проблемите во средниот ред и креативноста.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Холандскиот репрезентативец е на радарот на Реал Мадрид веќе подолго време, а тој самиот неодамна изјави дека не размислува за трансфер на средина од сезоната.
Ван де Бек и оваа сезона игра одлично и до сега на 26 меча за Ајакс постигна 8 гола и запиша 8 асистенции.
„ЕСПН“ потврди дека Манчестер Јунајтед веќе спремил понуда за Холанѓанецот и ќе ја испрати во наредните денови.
Ole Gunnar Solskjær is considering a move for Ajax's Donny van de Beek this month. (Source: ESPN) pic.twitter.com/2zLLGVFDJ2
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 8, 2020