Откако вчера излезе информација дека холандскиот дефанзивец Матијас де Лихт кариерата ќе ја продолжи во редовите на ПСЖ се огласи и неговиот агент Мино Раиола.
Раиола ги смири страстите кажувајќи дека ништо не е договорено.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ова е класичен пример на погрешни информации.“ порача за АНСА најпознатиот фудбалски агент.
Да потсетиме, Де Лихт се поврзува со бројни клубови како што се Барселона, Ливерпул, Јунајтед, Јувентус, а пред неколку дена самиот рече дека наскоро ќе ја донесе одлуката.
„Дали имам клуб од соништата? Не, единствено Ајакс, не постои друг клуб за кој сонував да играм. Секогаш сонував да играм за Ајакс. Ќе видам што е најдобро за мојата кариера и каде можам најмногу да се развивам и одиграм најмногу минути.“ – изјави неодамна Де Лихт и додаде:
„На таа основа ќе ја донесам одлуката и ќе го изберам клубот во кој ќе настапувам следната сезона.“