Дома Фудбал Останато Откако го поврзуваа со Реал Мадрид се огласи Артета

Откако го поврзуваа со Реал Мадрид се огласи Артета

Во текот на вчерашниот ден се појавија изненадувачки најави дека Микел Артета би можел да го напушти Арсенал за го преземе Реал Мадрид каде што веќе се шпекулира за заминување на Карло Анчелоти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанските медиуми пренесуваа дека Флорентино Перез бил голем фан на стилот на игра кој го негува Артета и посакал тој да биде наследникот Анчелоти кога Италијанецот би заминал.

Сепак, Артета во својата последна изјава пред вечерашниот дуел со Спортинг во Лигата на Европа, истакна дека е среќен и фокусиран на Арсенал.

„Не можеме да имаме контрола не се што се пишува за нас во медиумите, тоа е нешто кое треба да го прифатиш кога си во оваа работа. Можам да кажам дека сум целосно фокусиран на мојата работа во Арсенал. Среќен сум и благодарен што сум дел од овој клуб, тоа е се што би кажал на таа тема“, изјави Артета.

Инаку, Анчелоти повеќе не е толку сигурен по неколку лоши резултати кои тимот ги нанижа во првенството, но тука е и поразот од Барселона во првиот натпревар од полуфиналето во шпанскиот куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дани Себалјос веќе не е фудбалер на Реал Мадрид

Полуфудбалерот Дани Себалјос објави дека го напушта Реал Мадрид по седум сезони во шпански…