Дома Фудбал Откако Аргентина го откажа мечот со Израел, Фабрегас состави тим спремен да игра

Откако Аргентина го откажа мечот со Израел, Фабрегас состави тим спремен да игра

Фудбалската репрезентација на Аргентина го откажа пријателскиот меч против Израел кој требаше да се игра пред два дена во Ерусалим.

Оваа вест крена голема прашина во светот, а истата се одлучи да ја коментира ѕвездата на Челзи, Цеск Фабрегас.

Имено, Шпанецот се одлучи да состави тим кој веднаш ќе биде спремен да игра против Аргентина, која остана без последна проверка пред Мундијалот.

Тимот на Фабрегас е навистина импресивен, а е составен од ѕвезди кои нема да играат на Мундијалот.

„Ние сме достапни“, напиша Фабрегас и го објави тимот.

Буфон, Белерин, Баили, Ван Дијк, Алонсо, Наинголан, Фабрегас, Геце, Сане, Бејл, Џеко

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…