Повторно отказ за Италијанецот.
Поранешниот селектор на Италија, Чезаре Прандели не е повеќе тренер на фудбалскиот клуб Ал-Наср од Дубаи, денес заработи отказ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Прандели беше отпуштен откако запиша само пет победи на 12 лигашки натпревари.
Италијанецот на клупата на клубот од ОАЕ беше од мај 2017 година откако ја напушти Валенсија.
Чезаре Прандели (60) во кариерата покрај клубот од Дубаи и Валенсија ги тренираше Лече, Верона, Венеција, Парма, Рома, Фиорентина и Галатасарај. На селекторската позиција на Италија беше од 2010 до 2014 година.