Иако Лионел Меси изгледа дека е повторно среќен во Барселона, сепак не се знае дали тој ќе го продолжи договорот со клубот од „Камп Ноу“.
Веќе остануваат помалку од 100 дена до истекот на неговиот договор и тој има право да преговара со други клубови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Аргентинецот е на „Камп Ноу“ веќе од 20 години, но во последната година засилено се зборува за негово заминување од клубот. Минатото лето дури и самиот Меси побара трансфер, но тој не му беше дозволен.
Меси не беше задоволен од работењето на бившиот претседател Бартомеу, меѓутоа новиот претседател најави дека главна цел е да го задржи на „Камп Ноу“.
Тоа им дава надеж на фановите дека Меси може да потпише нов договор, но преговороте се уште не се започнати, а Аргентинецот е слободен да преговара со други клубови.
Leo Messi was destined for greatness. pic.twitter.com/jq8FGbxYxY
— MC (@CrewsMat19) March 23, 2021