ФК Брегалница ја прекина соработката со шефот на стручниот штаб, Илчо Ѓорѓиоски и спортскиот директор на клубот, Никола Тонев.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѓорѓиоски и Тонев, кои го водеа спортскиот дел на тимот низ актуелниот дел од сезоната, поднесоа неотповикливи оставки кои раководството на ФК Брегалница се одлучи да ги прифати.




ФК Брегалница и целокупното семејство на штипските „сини“ им благодари на досегашниот шеф на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски и спортскиот директор Никола Тонев за целокупниот придонес за развојот на клубот изминатиот период, со искрена желба за идна успешна кариера.



