Дома Останати Осминафинале за Федерер во Мајами преку победа над дел Потро

Осминафинале за Федерер во Мајами преку победа над дел Потро

Роџер Федерер дефинитивно оваа сезона ја игра како во најдобрите свои денови во кариерата.

По Австралија опен и Индијан Велс, Швајцарецот направи уште еден чекор кон титулата и во Мајами. Во третото коло на турнирот го елиминира Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро, 34 светски рекет, со 6:3, 6:4 за час и 23 минути игра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Федерер направи по еден брејк во двата сета против Аргентинецот што беше доволно за пробив меѓу најдобрите 16 на Мастерсот. Негов ривал за четврт-финале ќе биде Шпанецот Роберто Баутиста-Агут.

АТП Мајами – серија Мастерс 1000 – награден фонд 6,993.450 милиони долари

Резултати, 3 коло

Федерер (Швајцарија) – Дел Потро (Аргентина) 6:3, 6:4

Манарино (Франција) – Чориќ (Хрватска) 6:4, 2:6, 7:6

Баутиста Агут (Шпанија) – Квери (САД) 3:6, 6:2, 6:3

Бердих (Чешка) – Милер (Луксембург) 6:3, 6:4

ВТА Мајами – серија Премиер – награден фонд 6,993.450 милиони долари

Резултати, осминафинале

Кербер (Германија) – Озаки (Јапонија) 6:2, 6:2

Возњацки (Данска) – Мугуруза (Шпанија) 7:6 – Мугуруза предаде

Ка. Плишкова (Чешка) – Стрицова (Чешка) 6:1, 6:4

Сафарова (Чешка) – Цибулкова (Словачка) 7:6, 6:1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Скандал: На атрактивната руска тенисерка во Мадрид и украле 10.000 евра 🎥

Руската тенисерка Марија Тимофеева пријавила во полиција дека била ограбена во Мадрид. Ова…