Дома Трансфер зона Осимен не исклучува трансфер на крајот на сезоната

Осимен не исклучува трансфер на крајот на сезоната

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен ќе биде жешка тема на лето бидејќи многу европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.

Во Европа во моментив единствено Ерлиг Халанд има подобар гол-ефект од Осимен.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За него силен интерес покажуваат Манчестер Јунајтед, Челзи, Баерн Минхен и ПСЖ, па се очекува голема битка за неговиот потпис.

Сепак, Наполи нема лесно да се откаже од него, но самиот Осимен не исклучува трансфер на крајот на сезоната.

„Кога играш добро, тогаш големите клубови те забележуваат. Тоа што за мене има интерес од најголемите европски клубот, значи дека добро си ја вршам работата. Тоа ми дава мотив да давам повеќе за тимот и за себе“.

„Меѓутоа, во моментов сум фокусиран само на Наполи и клубот ќе го има последниот збор за мојот трансфер. Ќе видиме што ќе се случи на крајот на сезоната, ништо не зависи од мене“, изјави Осимен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…