Дома Топ вести Осимен најави трансфер во Премиер лигата

Осимен најави трансфер во Премиер лигата

Фудбалерот на Наполи и нигериски репрезентативец, Виктор Осимен готово сигурно на лето ќе се пресели во Премиер лигата.

Осимен неодамна стави потпис на нов договор со Наполи, но во него има откупна клаузула.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После лошата сезона на Наполи, Осимен јавно потврди дека е спремен да следен чекор во кариерата и дека има донесено одлука.

„Веќе ја донесов мојата одлука за следниот чекор што треба да го направам на крајот од сезоната. Веќе имам се јасно во мојот ум, веќе го имам мојот план. Знам што сакам да правам, следниот избор што сакам да го направам е веќе донесен. Премиер лигата е една од најголемите лиги во светот. Сакам да ја завршам сезоната со Наполи најдобро што можам и тогаш ќе дојде конечниот избор“, изјави Осимен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…