Герет Бејл ќе биде нов играч на Тотенхем, Велшанецот утре ќе допатува во Лондон каде што ќе ги помине лекарските прегледи и ќе стави потпис.
Бејл така после седум години ќе го напушти Реал Мадрид и кариерата ќе ја продолжи во неговиот поранешен клуб каде што пристигнува како позајмен играч на една година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покрај понудата од Тотенхем вчера на адреса на Реал пристигнала и уште една интересна понуда. Локалниот клуб, Елвас испратил допис во кој го бара Бејл на позајмица.
Претседателот на клубот Паоло Канхао го потпиша барањето за доведување на Бејл. Дали се надевале дека можат навистина да дојдат до Бејл знаат само тие, но барем се обиделе.