Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги најверојатно ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.
25-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Оваа сезона Ориги настапи на три натпревари за Ливерпул во сите конкуренции, на кои постигна 1 гоал и запиша 1 асистенција.
Интерес за него покажуваат неколку клубови од Премиер лигата и Серија А, а Ливерпул е спремен да го пушти ако пристигне добра понуда.