Дома Останати Кошарка Општ и невиден хаос: Брутална тепачка, летаа тупаници и столчиња, судијата исклучи 13 играчи! (видео)

Општ и невиден хаос: Брутална тепачка, летаа тупаници и столчиња, судијата исклучи 13 играчи! (видео)

Веројатно најлудиот натпревар во квалификациите…

Филипинскиот град Булакан беше сведок веројатно на најлудиот натпревар во квалификациите за Мундобаскетот, која мораше да биде заврешена и предвреме бидејќи домашниот тим немаше доволен број на играчи за да го продолжи натпреварот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


На оваа средба настана општ хаос и брутална тепачка каква што долго не се памети. Се започна пред крајот на третата четвртина и тоа при водство на гостите со резултат 79:48. Инцидентот се случи после жестоките физички контакти помеѓу двајцата плејмејкери – Роџер Реја Погоја и Кристифор Џејмс Гаудлинг.

После големите нереди судиската тројка одлучи да исклучи дури 13 играчи од двата тима, деветмина од домашниот тим.

Натпреварот беше продолжена така што Филипнците имаа само тројца играчи на теренот, набрзо еден играч го направи петтиот фаул па се играше „2 vs 5“, за потоа и

капитенот Филип Гејб Норвуд да заработи исклучување, па натпреварот мораше принудно да биде завршен со 89:53.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Jокиќ води во трката за МВП: Бројките на српскиот центар се неверојатни!

Никола Јокиќ имаше една од своите најлоши партии оваа сезона во победата на Денвер Нагетс …