Реал Мадрид вчера доживеа дебакл на „Сантијаго Бернабеу“ каде што Ајакс го победи со 1:4 и така го елиминираше од Лигата на шампионите.
Овој натпревар од трибините на „Бернабеу“ го следеше капитенот на „кралевите“ Серхио Рамос. Рамос како и што самиот потврди после натпреварот, во Амстердам намерно заработи жолт картон со цел „чист“ да влезе во четвртфиналето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овој негов потег после вчерашната елиминација на Реал мадрид изгледа навистина глупаво и смешно, но уште поинтересно е тоа што Шпанецот го правеше во ложата на „Бернабеу“ додека неговите соиграчи минуваа низ тешки моменти на теренот.
На социјалните мрежи се појавија безброј шеги на сметка на капитенот на Реал, а воопшто нема да му биде лесно откако се појави оваа информација.
Имено, Рамос во ложата каде што во позадина беше испишано СР4 (неговите иницијали и бројот) снимаше документарец за Амазон.
Изборот за тајмингот за снимање на овој документарец е и тоа како лош бидејќи Реал Мадрид на свој терен е во серија од четири порази во низа. Три пати „кралевите“ губеа во последните седум дена, а уште полошо е што два порази од тие беа од најголемиот ривал Реал Мадрид. „Капак“ на се беше овој дебакл против Ајакс и елиминацијата од најелитното европско натпреварување.