Дома Фудбал Останато Она во што Барса е најдобра оваа сезона пред неколку години изгледаше како научна фантастика

Она во што Барса е најдобра оваа сезона пред неколку години изгледаше како научна фантастика

Овие податоците пред само три сезони кога на клупата на Барселона седеше Луис Енерике изгледаа како научна фантастика.

Барселона во овој момент ја има најдобрата одбрана во Европа, односно сметајќи ги натпреварите во сите натпреварувања гигантот од Каталонија прими најмалку погодоци.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каталонците под водство на Ернесто Валверде играт поинаку и поголем фокус е ставен на одбраната, а тоа носи резултати.

Барса до сега во сите натпреварувања прими само 17 погодоци, а повеќе од тимот на Валверде примија Јувентус и Атлетико Мадрид, тимови кои се во последните години симболизираат непробојна одбрана.

Јувентус прими 20 погодоци, а Атлетико Мадрид 23 во сите натпреварувања. Покрај тоа Барселона одигра и неколку натпревари повеќе, бидејќи во шпанскиот куп играше двомеч, Атлетико беше елиминиран во 1/8 финале, додека во Италија се игра само по еден натпревар се до полуфиналето.

Секако, ова е нешто на кое навивачите на Барса и тоа како се радуваат, посебно што одбраната во никој случај не беше нивни заштитен знак изминатите години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…