Дома Трансфер зона Онана на чекор од Манчестер Јунајтед

Онана на чекор од Манчестер Јунајтед

Манчестер Jунајтед е во напредни преговори со голманот на Интер, Џордан Андре Онана, пренесуваат медиумите на Апенините.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените ѓаволи“ се во потрага по нов голман откако потврдија дека Де Геа нема да го продолжи договорот.

Прва мета е токму Онана, кој имаше фантастична сезона во дресот на Интер, а преговорите се во напреда фаза.

Спортскиот директор на Интер, Пјер Аусилио отпатува во Лондон на финални преговори со „црвените ѓаволи“, а цената на трансферот ќе изнесува помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Онана веќе ги договорил личните услови со Манчестер Јунајтед и чека зелено светло да го комплетира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…