Дома Фудбал Олмо чека, но и го губи трпението поради ситуацијата во Барса

Олмо чека, но и го губи трпението поради ситуацијата во Барса

Репрезентативецот на Шпанија, Дани Олмо по успешниот настап на Европското првенство се врати во Барселона и тоа е нешто што го посакуваше. Но, поради проблемите во каталонскиот гигант се уште не може да се фокусира на настапите на теренот.

Барселона и по заминувањето на Илкај Гундоган не можеше да го регистрира напаѓачот кој веќе ги пропушти првите две кола од сезоната во кои Барса играше со Валенсија и Билбао.

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека Олмо чека, но и станува нетрпелив бидејќи сака да добие можност за игра.

Очекувањата се Барселона да ја среди документацијата со Олмо до крајот на оваа недела, но засега не може да се каже дека со сигурност ќе биде така.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри пред Порто: Европската шанса е жива, но Наполи има поголем проблем

Наполи го чека тешко гостување во Лигата на шампионите, а Масимилијано Алегри порача дека …