Дани Олмо во текот на вчерашниот ден го комплетираше трансферот во редовите на Барселона каде што се враќа по цели 10 години кога си замина како 16-годишник.
Барселона на Лајпциг ќе плати 55 милиони евра, а 20% од оваа сума ќе добие и Динамо Загреб кој договори таква клазула при продажбата на шпанскиот репрезентативец во бундеслигашот. Лајпциг и Барселона договорија и одредени бонуси во износ од седум милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега е познато и дека Олмо ќе настапува со дресот број 20 кој некогаш го носеше сегашниот спортски директор на Барселона, Деко.