Расел Вестбрук со уште една извонредна партија ја предводеше Оклахома до победата на гостувањето кај Орландо извојување по петминутно продолжение.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вестбрук натпреварот го заврши со 57 поени, 13 скока и 11 асистенции со што стана кошаркар со најмногу постигнати поени во „трипл-дабл“ (38-ми оваа сезона) ефект во историјата на НБА лигата.
Воедно, со овој триумф Оклахома го обезбеди пласманот во плеј-офот.
Резултати на средбите во НБА лигата одиграни ноќеска:
Орландо – Оклахома 106:114 (по продолжение),
Филаделфија – Атланта 92:99,
Бостон – Милвоки 100:103,
Њујорк – Мајами 88:105,
Торонто – Шарлот 106:110,
Мемфис – Индијана 110:97,
Њу Орленс – Далас 121:118,
Сан Антонио – Голден Стејт 98:110,
ЛА Клиперс – Вашингтон 133:124,
Сакраменто – Јута 82:112.
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 61-14 (победи-порази), Сан Антонио 57-17, Хјустон 51-23, Јута 46-29, ЛА Клиперс 45-31, Оклахома Сити 43-31, Мемфис 41-34, Портланд 36-38.
Пласман Источна конференција: Кливленд 47-26, Бостон 48-27, Вашингтон 46-29, Торонто 45-30, Атланта 39-36, Милвоки 39-36, Индијана 37-38, Мајами 37-38