Дома Фудбал Од Јунајтед си замина главниот скаут на Фергусон, беше во клубот 16 години

Од Јунајтед си замина главниот скаут на Фергусон, беше во клубот 16 години

Манчестер Јунајтед поминува низ турбулентен период кој како што стојат работите ќе донесе и промени во скаутската служба.

Клубот од Манчестер објави дека Џим Лавлор и Марсел Боут повеќе не се дел од Манчстер Јунајтед. Лавлор главен скаут на Јунајтед беше цели 16 години, беше доведен во 2005 година кога „црвените ѓаволи“ беа предводени од Алекс Фергусон.

Британските медиуми пишуваат дека станува збор за човекот кој пред шест години доби нова улога во која ги надгледуваше скаутските мрежи на Јунајтед. Сега по тоа прашање се очекуваат нови промени.

„Лавлор беше главен советник на Фергусон и на тренерите кои доаѓаа после него. Му се заблагодаруваме за се што направи и му посакуваме се најдобро во иднина“, објави Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи притиска за Скот: Борнмут бара повеќе од 100 милиони фунти!

Лондонскиот клуб ги обновил разговорите за Алекс Скот и верува дека може да го доведе во ј…