Сегашниот прв оперативец на Јувентус после заминувањето на Џузепе Марота, Фабио Партичи зборуваше за Масимилијано Алегри и Антонио Конте.
Партичи заедно со Марота кој замина во Интер е важен дел од создавањето на моќниот тим на Јувентус кој доминира во Серија А и е еден од главните фаворити за освојување на Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овој човек имаше прилика да соработува и со Конте и со Алегри, а сега откри со кој од нив е полесно да се соработува.
„И двајцата се навистина слични, но мене ми е многу полесно со Алегри“, започна Партичи.
И Алегри и Конте имаа големи успеси на клупата на „старата дама“, а Алегри го наследи Конте во 2014 година кога Конте стана селектор на Италија.
„Мислам дека најтешки преговори за мене беа околу доведувањето со Карлос Тевез. Тој е играч кого го контактиравме на крајот на сезоната 2010/2011 и на крајот успеавме да доведеме голем шампион иако не игравме во Лигата на шампионите“.
„Конте или Алегри? Алегри е многу по флексибилен кога се трансферите во прашање. Конте има свој стил и морате да ги пронајде играчите кои одговараат на неговиот стил. Од друга страна Алегри, знае да менува и нема само еден систем, тоа е неверојатно. Таквиот негов начин на работа ни овозможува да имаме поголем спектар на играчи кои би можеле да ги доведеме“, изјави Партичи.