Дома Фудбал Останато Од чистач на паркови до ѕвезда на „Сантиаго Бернабеу“

Од чистач на паркови до ѕвезда на „Сантиаго Бернабеу“

Себастијан Тил беше јунак на Шериф Тираспол кој приреди сензација во ЛШ победувајќи го Реал Мадрид на „Сантиаго Бернабеу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Херојот на екипата каде што игран Бобан Николов има 27 години и постигна спектакуларен погодок за победа на Шериф против Реал Мадрид.

„Како дете сите сонуваат да играат против најдобрите во Лига на шампиони. На почетокот не знаете дека сте постигнале победнички гол во Мадрид, а дури по мечот размислувате за тоа“, изјави Тил.

Интересно е тоа што на ногата има тетоважа која го прикажува неговиот сон за настап во елитното натпреварување, иако до минатата сезона беше аматерски играч.

„Сакав живот, сакав забава, сакав алкохол, сакав цигари. Јадев пица наутро. Никогаш не сум се гледал како професионален фудбалер. Минатата година почнав да размислувам на тоа. Сега имам поинаков став“.

„Никогаш не сум имал понуда за професионален договор. Пред заминувањето во Русија морав да работам на друго место и во исто време да тренирам фудбал. Бев вработен во општина и се грижев за зелена површина“, открива Тил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џака нема да оди во Челзи

Потенцијалниот трансфер на капитенот на Швајцарија и Сандерленд, Гранит Џака, во Челзи нем…