Дома Фудбал Лига на шампиони Од Холандија тврдат: Реал вечерва стартува со 12 играчи!

Од Холандија тврдат: Реал вечерва стартува со 12 играчи!

Aко се погледнат бројките и не е дека немаат причини за страв.

Во Ајакс се оптимисти пред вечерашниот натпревар против Реал, сметаат дека не е се изгубено, веруваат дека отсуството на Рамос ќе биде голем проблем за „кралевите“, но се плашат од судењето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Јасно е дека Ајакс вечерва ќе игра против 12 играчи“, тврдат медиумите наклонети на холандскиот тим, а укажуваат на фактот што натпреварот ќе го суди Феликс Брих.

Феликс Брих стана популарен ова лето кога ја оштети Србија на Мундијалот во натпреварот против Швајцарија после што беше испратен дома.

Со Брих како делител на правдата Реал Мадрид никогаш не изгубил. Имаат шест победи и две нерешени средби. Овој човек го судеше финалето кога Реал го разби Јувентус, беше детелител на правдата во четвртфиналето помеѓу Реал и Атлетико во 2014 година кога призна гол на Роналдо од офсајд.

Холандските медиуми одат подалеку и тврдат дека Реал секогаш има помош од судиите, ги споменуваат спорните одлуки (против Баерн во минатите години, како и пеналот против Јувентус во последната минута).

„Секогаш е така и секогаш мораме да играме и против судиите“, тврдат фудбалерите на гостите пред овој натпревар во кој ќе бркаат предност на Реал Мадрид од 2:1.

Освен Реал и Ајакс, вечерва својот реванш го играат Борусија Дортмунд и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…