Дома Македонски спорт Мак ракомет Од осум негатива до бод со гол во псоледните секунди – по голема драма реми за Е.Пелистер во Швајцарија!

Од осум негатива до бод со гол во псоледните секунди – по голема драма реми за Е.Пелистер во Швајцарија!

Eурофарм Пелистер одигра одличен меч на гостувањето кај Кадетен Шафхаузен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Битолскиот тим губеше со осум разлика, а на крајот успеа да се врати во мечот и со голот на Јосип Периќ да дојде до реми 28:28. На полувреме домаќинот водеше со 16:11.

Во првото полувреме македонскиот тим беше под нивото, но потоа успеа да пронајде мотив и да дојде до првиот бод сезоната во Европската лига. Херојот Периќ беше прв стрелец со шест гола, Мандаланиќ и Маркоски постигнаа по четири.

Колку очајно беше отварањето на Е.Пелистер покажува тоа што дури во деветтата минута од натпреварот го постигнаа првиот гол, тогаш Обрадовиќ намали на 5:1. Домаќинот имаше потоа и 13:4 и 16:6, сепак до крајот на полувремето момците на Бабиќ намалија на 16:11.

Второто полувреме донесе далеку подобра игра на Битолчани. Иако прво повторно Кадетен се одлепи на осум разлика 20:12, сепак потоа следуваше серија од 1:6 со која македонскиот тим намали на 21:18.

Клучни беа последните две минтуи кога Кадетен остана со играч помалку, тука прво Маркоски намали на 28:27. Во последните секунди со звукот на сирената Јосип Периќ успеа да погоди за конечни 28:28.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…