Очигледно ништо подобро не може да ги смири луѓето како што се парите, а тоа го покажува односот меѓу двата најголеми шпански тимови, Барселона и Реал Мадрид.
Двата гиганти ја бранат идејата за создавање на Суперлига погласно од било кој од останатите клубови кои сакаа да го реализираат овој проект.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Суперлигата ни е потребна, но последниот збор ќе го имаат навивачите“, вели Жоан Лапорта.
Суперлигата требаше да биде составена од 20 тимови, а секој од нив требаше да добие по 300 милиони евра, додека Реал и Барселона по дополнителни 60 милиони евра.
Затоа и Флорентино Перез не се откажува и вели дека проекетот ќе се реализира без разлика на тоа што бил запрен.
„Лапорта знае дека Суперлигата е најдобро решение затоа што им го враќа интересот на луѓето во фудбалот и како последица ќе донесе приходи. Ваквата состојба не е одржлива за сите“, вели Перез.