Оле Гунар Солскјер се врати во Манчестер Јунајтед како тренер и сите очекуваат со неговото доаѓање Манчестер Јунајтед да започне да игра напаѓачки фудбал.
Дека Солскјер има напаѓачка филозофија тврди и директорот на Молде Ејстен Нерланд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Оле Гунар е тренер со напаѓачки стил на игра кој сака забавен фудбал, повеќе сака да победи 4:2 отколку 1:0. Тој е многу позитивен и допадлнив човек со јасна визија за фудбалот, а исто така знае и да работи со играчите“.
„Воопшто не се сомневам дека ќе му оди добро во Манчестер Јунајтед. Тој е легенда на тој клуб, што значи дека ќе има почитување од играчите и навивачите. Важно е да ја знае историјата и минатото на клубот, тоа што клубот го прави успешен“, изјави Нерланд.
Во овој момент може да се каже дека Солскјер е на позајмица во Јунајтед бидејќи потпиша договор до крајот на сезоната. Сепак во неговиот договор постои ставка според која ако Јунајтед сака да го задржи може да го направи тоа со оштета кон Молде од осум милиони евра.