Бруно Фернандеш одигра уште еден добар натпревар во дресот на Манчестер Јунајтед.
Фернандеш асистираше и постигна гол во ремито од 2:2 против Лестер. Поранешниот играч на Спортинг повторно беше клучен играч на Јунајтед и оваа сезона е неверојатен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој воедно стана и првиот Португалец кој постигнал најмалку 10 погодоци во една сезона во англиската Премиер лига.
Тоа на ните еден негов соработник не му успеало уште од Кристијано Роналдо во сезона 2008/09, додека играше за Јунајтед.
Вкупно оваа сезона во Премиер лигата одигра 14 натпревари, постигна 10 погодоци и запиша 6 асистенции. Во сите натпреварувања има 14 погодоци, 8 асистенции на 21 натпревар.