Дома Фудбал Италија Од Интер порачуваат: Икарди во Јувентус? Никогаш!

Од Интер порачуваат: Икарди во Јувентус? Никогаш!

Maуро Икарди се уште не го продолжил договорот со „Нероаѕурите“, а после oна што се случуваше во последно време никој не верува дека тоа ќе се случи..

Икарди ја изгуби капитенската лента и таа во иднина ќе ја носи Самир Хандановиќ. Покрај тоа беше изоставен од тимот за натпреварите на Интер против Рапид Виена во Лигата на Европа и Сампдорија во Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За пропуштениот натпревар против Сампдорија објаснувањето беше дека станува збор за ситна повреда. Интер ги доби овие два натпревари (Рапид 0:1 и Сампдорија 2:1). Меѓутоа проблемите во клубот и понатаму изгледа нема да бидат решени и се наведува на тоа дека Икарди ја минува последната сезона во Милано.

Икарди е блиску до заминување, а засега најмногу се поврзуваше со големиот ривал на Интер, Јувентус. Италијанскиот новинар Валер Де Маџо неодамна тврдеше дека сите работи со Икарди се случуваат затоа што фудбалерот веќе има постигнато договор со Јувентус.

Сега на оваа тема зборуваше првиот човек на на Стивен Жанг кој тврди дека Икарди нема да заврши во Јувентус.

„Во фудбалот никогаш не можете да кажете дека нема да соработувате со Јувентус…Но во овој конкретен случај Икарди нема шанси да заврши во Јувентус. Преговараме за продолжување на соработката, но нашата филозофија е екипата секогаш да биде поважна од поединците. Нашиот преоден рок ќе биде многу подобар од претходниот“, изјави Жанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Изјавата на Ристовски која денес изгледа како предвидување

Тимот на Динамо Загреб освои големи три бода во вчерашното дерби со Ријека и така дојде на…