Дома Фудбал Од изборот кај Мурињо или Клоп, се одлучи за Вулверхемптон (Видео)

Од изборот кај Мурињо или Клоп, се одлучи за Вулверхемптон (Видео)

Ѕвездата на Порто, Рубен Невеш е нов член на Вулверхемптон, потврдија од клубот.

Невеш потпиша петгодишен договор, веројатно ќе биде најголемото име ова лето во Чемпионшип, бидејќи и порано беше мета на големи фудбалски имиња.

Не е тајна дека Невеш беше поврзуван и со Ливерпул и со Манчестер Јунајтед бидејќи го посакуваа и Клоп и Мурињо.

Сепак на крајот, Невеш заврши во Чемпионшип, а останува да се види колку таму ќе се снајде.

Невеш инаку три сезони е во првиот тим на ПОрто, одигра 59 натпреари и постигна 3 погодоци, а на два пати беше дел и од репрезентацијата на Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вени верува во Галакси: Со комплетен состав можеме против секого

ЛА Галакси го пречекува Остин во последниот домашен натпревар, додека се заострува трката …