Фудбалерот на Манчестер Сити, Ихеаначо е многу блиску до потпис со Лестер Сити.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските медиуми пренесуваат дека Ихеаначо во моментов ги минува лекарските прегледи во Лестер, по што наскоро овој трансфер и ќе се официјализира.
„Лисиците“ како што се наведува на тимот од Манчестер ќе му исплатат 25 милиони фунти за услугите на 20-годишниот напаѓач.
Нигериецот во редовите на Манчестер Сити пристигна во 2014. година и одигра 64 натпревари на кои постигна 21 погодок, додека за репрезентацијата на Нигерија одигра 10 натпревари и постигна шест погодоци.
Ако Лестер го реализира овој трансфер, тоа за нив ќе биде четврто засилување, откако претходно пристигнаа Елдин Јакуповиќ, Хери Магер и Висенте Ибора.