Вечерва на програмата е реванш четвртфиналниот дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија Дортмунд и Манчестер Сити.
Атмосферата додатно се вжешти пред мечот бидејќи Гвардиола влезе воп вербална војна со гермнаскиот клуб.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Гвардиола и порача на Борусија дека им дава многу пари на менаџерите за да ги донесат најталентираните млади играчи. Според официјалните податоци, Дортмунд им дал дури 10 милиони фунти повеќе на менаџерите отколку Манчестер Сити.
На ова веднаш реагираше спортскиот директор на „милионерите“, Ханс Вацке.
„Во последните пет години тие потрошија скоро милијарда фунти на нови играчи. За пет години?! Кој друг има можност да го стори тоа? Гвардиола нема право да ги критикува другите”, вели Вацке и додаде дека Борусија е финансиски стабилна и нема потреба да ги продава своите ѕвезди.