Дома Видео Од бездомник до човек кој одбрани пенал на Кристијано Роналдо

Од бездомник до човек кој одбрани пенал на Кристијано Роналдо

Малку луѓе на светот за неколку години можат да кажат „Му одбранив пенал на Кристијано Роналдо“, а иранскиот голман Бејраванд е еден од нив. 

Иран синоќа беше на рекор до сензација и пласман во осминафиналето, но на крајот против Португалците успеаа да освојат само бод. Херој на Иранците беше голманот Бејраванд кој на почетокот на второто полувреме одбрани пенал на Роналдо.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бејраванд така стана првиот голман кој успеа да одбрани пенал на Роналдо на Мундијалот и сигурни ќе влезе во историјата. Приказната за овој 25. годишен голман е навистина тажна бидејќи уште како дете морал да избега од својата куќа и некое време бил бездомник, но љубовта кон фудбалот била посилна од се.

Иранскиот голман избегал од куќата како дете и неколку години живеал како бездомник. Кога почнал да се занимава со фудбал спиел пред стадионот на локалниот тим за кој тогаш тренирал. Дури луѓето му давале пари мислејќи дека проси, а еве судбината сакаше десет години покасно да одбрани пенал на еден од најдобрите играчи на светот.

„Спиев пред вратата на клубот за кој тогаш тренирав и се сеќавам едно утро кога се разбудив најдов пари пред мене кои луѓето ги оставале мислејќи дека просам, но не беше така. Сепак, тоа утре после долго време имав убав доручек и тоа секогаш ќе го паметам. Животот не беше лесен за мене, но никогаш не сакав да се откажам од своите соништа.“ – порача Бејраванд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Роналдо се враќа во Европа!? Позната и следната дестинација

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, моментално настапува за …