Генералниот менаџер на Барселона, Пеп Сегура со последната изјава веројатно повторно ќе ги аткуелизира гласините за евентуално враќање на Нејмар на „Ноу Камп“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нејмар како што е познато ја напушти Барселона и за сума од 222 милиони евра се пресели во ПСЖ, но Сегура не ја исклучи можноста тој да се врати во Каталонија.
„Во тоа време изјавив дека еден млад фудбалери кој заминува по пари нема да се врати. И се држиме до тоа. Но, ситуацијата со Нејмар е поинаква бидејќи не зборуваме за играч кој е во процес на формирање, туку за фудбалер кој се разви во еден од најдобрите во светот. Тоа се професионалци кои зависат од и од условите на пазарот, ние ја следиме ситуацијата и го правиме она што е најдобро за нас“, изјави Сегура.
Ќе потсетиме, Нејамр се поврзуваше и со трансфер во Реал Мадрид.