Дома Фудбал Германија Од Баерн разочарани: Вака веќе не може, после 10 кола не ќе можеме да составиме тим

Од Баерн разочарани: Вака веќе не може, после 10 кола не ќе можеме да составиме тим

Управата на фудбалскиот клуб Баерн Минхен денес ги повика судиите да заштитат нивните играчи во текот на натпреварите.

Шампионот на Германија остана на подолг период без услугите на Корентин Толисо и Рафиња кои се повредија во минатонеделниот натпревар против Баер Леверкузен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на клубот Ули Хенес и директорот Карл Хајнц Румениге побараа реакција од Фудбалскиот сојуз на Германија.

„Вака повеќе не може, во спротивно после 10 кола нема да имаме играчи за да составиме тим“, изјави Румениге.

Толисо ќе остсуствува од терените неколку месеци откако скина лигаментите на десното колено, додека Рафиња кој исто така заработи повреда на лигаментите после стартот на Карим Белараби ќе отсуствува неколку недели.

Белараби после натпреварот испрати извинување и беше казнет со 10.000 долари, но доби и суспензија од четири натпревари.

Баерн претходно поради повреда го изгуби и Кинглис Коман, кога на почетокот на сезоната Румениге го обвини Хофенхајм дека игра фудбал како на дивиот запад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…