Вчера на „Сантијаго Бернабеу“ беше одиграно дербито на Мадрид помеѓу Атлетико и Реал (1:1).
На оваа средба домаќинот беше поблиску до победата, но сепак и Атлетико имаше свои шанси. Ремито не донесе многу ниту за едната, ниту за другата екипа, а после натпреварот од таборот на Атлетико беа бесни поради една судиска одлука.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, во Атлетико се огорчени поради офсајдот кој во првото полувреме е досуден кога Витоло беше во прилика и се најде во ситуација „еден на еден“ со голманот на Реал.
На фотографијата поставен на Твитер може да се забележи дека дури и Витоло да е најблиску до голот се наоѓа на својата половина, што секако не е недозволена позиција.
„Изгледа дека вакви работи секогаш се случуваат тука“, порачаа од Атлетико по натпреварот.
— Captain Guardiola ⚽ (@CaptnGuardiola) April 8, 2018
Thomas pass : ball still on the line. + Vitolo Not offside. #MadridDerby #RMAATM pic.twitter.com/sKDotj5wdG
— Captain Guardiola ⚽ (@CaptnGuardiola) April 8, 2018