Дома Фудбал Лига на шампиони Од Аталанта со прв коментар откако ждребот ги спои со ПСЖ

Од Аталанта со прв коментар откако ждребот ги спои со ПСЖ

Денес во Нион беше одржан ждребот за завршницата од Лигата на шампионите, а топчињата одлучија во четвртфиналето да ги спојат Аталанта и ПСЖ.

Победникот од овој натпревар во полуфиналето ќе оди на подобриот од натпреварот Лајпциг – Атлетико Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аталанта која е вистински хит во Европа сезонава со полн оптимизам ќе го дочека натпреварот против ПСЖ.

„Ова е сон за Аталанта, самиот факт дека сме во топ 8 екипи во Европа. Исто така, ова е нешто историско за градот Бергамо…ПСЖ е исклучително силен тим. Ќе играме со голема одлучност и ќе се обидеме да ги искористиме нашите шанси. Ќе биде ова за наш како одење на училиште и ноќ која ќе се памети во нашата историја“, изјави претседателот Антонио Перкаси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…