Дома Фудбал Одредена сатницата за Ел Класико – во Азија ќе бидат разочарани!

Одредена сатницата за Ел Класико – во Азија ќе бидат разочарани!

Големото дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид од 10-то коло на Примера ќе се одигра на 18 декември во 20 часот, објавија денес од Федерацијата.

Натпреварот првично требаше да се одигра на крајот на минатиот месец, но поради протестите во Каталонија беше одложен, а потоа преместен за 18-ти декември.

Големата промена е што мечот првично беше закажан во непопуларен термин од 13 часот, поради гладачите во Азија и САД, но сега терминот е преместен во 20 часот.

Дуелот ќе биде исклучително интересен, бидејќи двата тима се лидери во Примера во моментов и покрај фактот што имаат натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Габала на Беќири му го затвори патот до врвот на Карабах

Јетон Беќири ја водеше Габала до реми без голови против Карабах. По првенствената и куп-по…