Дома Фудбал Одобрен новиот проект на Барселона вреден 1,5 милијарди евра

Одобрен новиот проект на Барселона вреден 1,5 милијарди евра

Каталонскиот гигант Барселона го одбори новиот финансиски план, кој вклучува дополнителни 1.5 милијарди евра за реконструкција на стадионот „Камп Ноу“ и низа други придружни објекти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На вчерашниот референдум дури 87.8 проценти го поддржаа планот да се земе кредит од „Голдман Сакс“ тежок 1.5 милијарди евра, кој ќе се враќа во период од 35 години.

Проектот е познат како „Еспаи Барса“, кој беше изработен во 2014 година, а предвидува обнова на „Камп Ноу“и изградба на хотели, административни објекти, паркинг и дооплнително екипирање и уредување на целиот простор во Кампусот на Барселона.

Според планот стадионот со новиот лик би требало да биде пуштен во употреба во финишот на 2025 година, а ќе се прошири и капацитетот на „Камп Ноу“ на 105 илјади места.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Решена е иднината на Антонио Рудигер

Германскиот фудбалер Антонио Рудигер ќе продолжи да игра за Реал Мадрид уште една сезона, …