Утревечер Динамо Загреб го игра реванш натпреварот против Виљареал во рамките од четвртфиналето во Лигата на Европа.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Денешната прес-конференција тренерот Дамир Крзнар потврди дека македонскиот репрезентативец Арјан Адеми ќе биде спремен за настап.
„Адеми е здрав и расположен – подготвен за настап. Проблем има само Петковиќ, но очекуваме со блокода да може да го одигра натпреварот“, изјави Крзнар.
Во македонската јавност Крзнар предизвика загриженост минатиот викенд кога изјави дека Адеми можеби има сериозна повреда на стапалото, па дури и скршеница. Сепак, таквите негови проценки за среќа се покажаа како погрешни.