За разлика од претходниот меч на Новак Ѓоковиќ со Тејлор Фриц, временските услови во полуфиналето на Австралија Опен ќе биде многу поповолни за игра.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во текот на четвртфиналето, температурата на воздухот во Мелбурн беше 32 степени и беше јасно дека на играчите им е тешко. Самиот Новак по мечот изјави дека тоа бил еден од најтешките мечеви за него. (ТУКА).
Утре нема да има пеколни температури и медиумите во Мелбурн најавуваат сончево време со максималната температура од 22 степени, додека утринската ќе изнесува 12. Ова секако се добри вести и за двајцата тенисери.
Мечот помеѓу Ѓоковиќ и Синер е закажан за околу 14 часот и 30 минути по локално време или околу 04:30 часот по наше време.