Управата на клубот од Манчестер успеа да постигне договор со еден од најискусните фудбалери во тимот.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Давид Силва наскоро ќе стави потпис на нов договор со Манчестер Сити.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овој 31 годишен фудбалер во Сити пристигна во 2010 година и сеуште важи за еден од најважните фудбалери во тимот, а договорот со „граѓаните“ ќе го продолжи до 2020 година.
Ќе добие и покачување, па во наредниот период ќе заработува 150.000 фунти неделно.
Екипата на Милан покажуваше интерес да го доведе, а постоеа и шпекулации дека искусниот Шпанецот кариерата со задоволство би ја продолжил во Лас Палмас, но сега е јасно дека Силва нема да ја менува средината.
Од кога пристигна на „Итихад“ од редовите на Валенсија со овој клуб ги освои сите трофеи во англискиот фудбал.
Manchester City have had a breakthrough in contract talks with David Silva (31) and he is on the verge of extending his deal. [Daily Mail] pic.twitter.com/fymuwtP38R
— City Watch (@City_Watch) October 10, 2017