Парижаните се спремаат за нивниот најважен натпревар оваа година.
Пари Сен Жермен утре со почеток во 20:45 часот ќе го пречека Реал Мадрид во реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, а тренерот на „светците“ Унаи Емери денес доби добри вести.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Килијан Мбапе се опороави од полесната повреда и со сигурност ќе биде спремен за утрешниот натпревар.
Покрај тоа, откако Емери одмори поголем дел од играчите за викендот, денес сите нормално го одработија тренингот, секако сите освен Нејмар.
Според тоа медиумите веќе и шпекулираат за составот со кој ќе излезе Емери против Зидан.
Ареола е сигурен на голот, Дани Алвеш и Маркињос исто така, покрај него би бил најверојатно Тиаго Силва кој беше на клупата за резерви во Мадрид, играше Кимбампе.
Тиаго Мота се опорави, врза неколку натпревари и би можел да им прави друштво во средината на Верати и Рабиот. Во нападот се очекува да настапи триото Ди Марија, Мбапе и Кавани.