Играчот за врска на Барселона, Серџо Бускетс би требало да биде подготвен за в среда и мечот од четвртфиналето во ЛШ помеѓу Барселона и Рома, пишува каталонски Спорт.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бускетс денес почна да тренира и го одработи првиот тренинг со останатите играчи без никакви проблеми. Секако, тоа се добри вести за Ернесто Валверде.
Барселона сега се подготвува за Рома по ремито против Севиља во Примера. Бускетс се повреди против Челзи и требаше да мине три седмици надвор од теренот, но закрепна брзо и се врати на тренинг пред предвидениот период.
Бускетс веќе го одигра 41 меч во сите натпреварувања оваа сезона, а неговото отсуство веќе се примети. Многу е важен за играта на Каталонците.
И без овие вести меѓутоа, Барселона беше фаворит, а ова дополнително само ја подигна самодовербата во таборот.