Фудбалерот на Ливерпул, Енди Робертсон е во конкуренција за утрешниот натпревар од Лига Купот со Фулам.
Тој се врати на нормалните тренинзи по повредата на рамото што ја заработи против Шпанија во октомври додека настапуваше за Шкотска и утре Јирген Клоп ќе може да смета на него.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Костас Цимикас најчесто го заменуваше, но потоа Гркот исто така неодамна заработи повреда на рамото против Арсенал, поради што Клоп мораше да импровизира со Џо Гомез како лев бек. Дополнително се повреди и Трент Александар-Арнолд, заедно со Доминик Собослај.
Но, сите освен Цимикас се многу блиску до враќање и би можеле да играат против Норвич викендот во ФА Купот.